
„Вистинска парада на гордоста“ се одржа во саботата вечерта во Битола во рамките на контра-настан на „Парада на гордоста“ на ЛГБТИ заедницата која претходно напладне се одржа во Скопје.
Организаторите порачаа дека вистинските вредности се дом-семејство, родители-мајка и татко и деца.
„Ова е „Вистинска парада на гордоста“ со која може да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко, а сето тоа ни гарантира сигурна иднина. Бракот е институција која треба да се негува, не сакаме тоа да се редефинира. Сакаме бракот да си остане каков што е, да нема родител 1 и родител 2“, рече организаторот Игор Петковски, кој рече дека се раководи од неговите верски убедувања, пренесе порталот Република.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.