Вистинскиот лик на идниот премиер-Ковачевски

Драги мои! Соочени сме со нова реалност! Нова опасност! До кога ќе живееме во светот на ЛАГАТА – СДССМ? До кога ќе има потреба да ги разоткриваме  вистинските ликови или поточно кажано вистинските профили? Колку маски паднаа до сега? Мислам дека не постои и карневал во нашата држава кој може да ги опфати сите политички маски, сите партиски фасади зад кои се крие човечката неспособност, интригата, желбата за самопромоција и газење на државните ликови. Во оваа реченица верувам дека ќе препознаете многу досегашни партиски ликови, фигури кои не се достојни за почит и доверба.

Но, драги мои! Панта реи! Има такви лузери и во нашата блиска и подалечна иднина. Еве за почеток би почнал со идниот мандатар на Владата, наследникот на премиерот во заминување (не е достојно ниту името да му го споменам, но во завршна фаза би кажал: човек кој има излаќано толку многу пред се негови сопартијци, човек кој телефонските пораки од своите пријатели доколку биле наменети за други лица веднаш им ги препраќал и со тоа сакал да ги исмева, нечовек за кој јавно се зборува дека се испазарил да не биде гонет кривично тој и неговиот брат за нивното дејствување во овие изминати години, за што верувам дека е една голема бујна фантазија!) професорот Ковачевски Димитар.

Бидејќи долги години бев во Министерството за образование и тоа во делот на високото образование ќе ги поставам следните дилеми за овој лик:

  1. Дали овој професор е познат во јавноста со еден изворен научен труд од неговата област, труд со фактор на влијание со кој се промовирал во јавноста и со што директно помогнал во решавање на еден економски проблем од толку многу транзициони проблеми?
  2. Дали овој професор работел на Факултет во рамките на универзитет кој ги исполнува законските услови од 10 професори во редовен работен однос согласно Законот за високото образование? Зошто? Од едноставна причина, ако овој професор работел на факултет кој не ги исполнувал основните просторни и човечки ресурси колку што пропишува законот, како да очекуваме дека ќе биде склон кон законско работење во Владата?
  3. Освен партиските функции низ институциите кои спроед мои информации траеле со краток рок, секаде по неколку месеци и повторно менување на институцијата, независно дали е државна или приватна, со што ни е познат овој лик?
  4. Ја прашувам академската заедница која упорно молчи, дали го сретнале овој професор на некоја научна домашна или меѓународна конференција, симпозиум каде настапувал со свое истражување или труд?

Зошто тогаш толку често се споменува идниот мандатар професорот Ковачевски? Дали станува збор за анонимен професор? Дали не чека опасноста да биде и анонимен премиер, командуван од друг центар на моќ во Муртино?

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес