Виталиј Кличко најави дека ќе се кандидира за претседател на Украина

Илјадници Украинци и понатаму се наоѓаат на Плоштадот на независноста и учествуваат во протестите, по одлуката на Владата да го одбие потпишувањето на договорот за приклучување кон Европската унија.

Кличко ја најави својата одлука да се кандидира за претседател за да може работите во Украина да ги презеде во свои раце.

„Дваесет години од независноста ништо не е направено, земјата практично не се развива“, рекол Кличко.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.