Витаминот К е корисен против коронавирусот

Холандски научници кај пациентите кои починале од последиците од респираторната болест Covid-19, која ја предизвикува новиот коронавирус, или биле примени на одделите за интензивна нега со дијагноза од оваа болест откриле недостиг од витаминот К, кој се наоѓа во спанаќот, јајацата, тврдите и сирењата со благородна мувла, што поттикнува надежи дека промената и начинот на исхраната би можеле да придонеста во справувањето со оваа болест.

Лекарите кои го проучувале развојот на болеста кај пациентите заразени со коронавирусот во болницата „Канисус Вилхемина“ во холандскиот град Нијмеген, откриле поврзаност меѓу недостигот од витаминот К во организамот и смртниот исход од последици од Covid-19.

Оваа болест предизвикува згрутчување на крвта што резултира со разградување на еластичните влакна во белите дробови, а витаминот К, кој во организмот се внесува со храната и се аопсорбира во гастроинтестиналниот тракт, е клучен за производство на протеинот кој го регулира згрутчувањето на крвата, па пациентите би можел да ги заштити од развој на потешка форма на заболување на белите дробови.

Холандските истражувачи својата студија ја предале на рецензија и сега се во потрага по финансиски средства за започнување на клинички испитување.

Др Роб Јансен, научник кој работи на проектот, вели за британскиот весник The Guardian, дека имајќи ги предвид почетните резултати од студијата, ќе поттикне што поголем внес на витаминот К во организмот на заболените, со исклучок на пациентите кои се на терапија за згрутчување на крвта, како што е „варфарин“.

„Би советувал земање суплементи на витаминот К. Дури и доколку се покаже дека не помага во борбата против оваа смртоносна болест, овој нутриент е добар за крвните садови, коските и веројатно за белите дробови“, појаснива др Јансен.

Витамините К1 и К2 се наоѓаат во спанаќот, брокулата, зелениот листест зеленчук, во боровинките, како и во сите други видови овошје и зеленчук. Организмот подобро го апсорбира К2, а го има многу во холандските и француските сирења, односно тврдите и сирењата со мувла која контролирано се развива во нив од видот Penicillium roqueforti. Со витаминот К2 особено е богато „натто“, традиционално јапонско јадење од ферментирана соја со карактеристична леплива структура и горчлив вкус, поради што дополнително ќе бидат истражувани неговите здравствени придобивки.

„Соработував со јапонска научничка којашто работи во Лондон. Таа ми кажа дека во некои делови од Јапонија, во коишто населението консумира многу натто, немало забележани смртни случаи од Covid-19“, додава др Јенсен.

Истражувањето е спроведено во соработка со Институтот за кардиоваскуларни болести во Маастрихт, еден од најголемите европски институти за истражување на болестите на срцето и кардиоваскуларниот систем. Научниците ја проучувале состојбата и развојот на болеста кај 134 пациенти хоспитализирани поради Covid-19 во периодот меѓу 12-ти март и 11-ти април, заедно со контролна група од 184 пациенти во постара животна возраст кои не биле заразени со коронавирусот.

„Нашата намера е случајно да ги одбереме пациентите кои боледуваат од Covid-19, како и да им се одреди плацебо терапија или терапија со витаминот К, кој е многу безбеден за употреба кај општата популација. Ќе им даваме витамин К во високи дози коишто ќе го активираат протеинот со големо значење за заштита на белите дробови, и ќе настојуваме да утврдиме во колкава мера е ефикасен“, додава коавторката на студијата, др Џона Волк.