VIVAX ги прави сите шампиони од светско!

320

Светското првенство во фудбал започна и како бура ги понесе сите. Секојдневно паѓаат голови и се случуваат безброј изненадувања. Предводени од оваа еуфорија и VIVAX одлучија да ги изненадат сите обожаватели на фудбалот.

Со наградниот предизвик кој започна заедно со светско секој може да стане потенцијален добитник на 20 VIVAX телевизори и 10 VIVAX телефони. Сѐ што треба заинтересираните да направат е:

– Да навиваат и да се фотографираат;

– Да ја лајкнат Facebook фан страната на VIVAX Macedonia;

– Да објават јавен (public) пост со својата фотографија на Facebook;

– Да го тагнат VIVAX Macedonia на Facebook и да ги стават хаштазите: #живејспортски #пазитопка #живејговивакс

Право на учество има секој кој има Facebook профил и ги следел сите чекори за учество во наградниот предизвик. Секој учесник има можност да постира до 5 различни фотографии во текот на една недела.

Наградниот предизвик трае од 15ти јуни до 15ти јули. Извлекувањето на добитниците на 20 VIVAX TV и 10 VIVAX мобилни телефони ќе биде на 16.07.2018 во 13.00 часот, на Facebook фан страната на VIVAX Macedonia.

Воедно, VIVAX ви го носи и распоредот на светско. За да го симнете во висока резолуција кликнете на https://ibb.co/dsvifT, а за до симнете во .pdf верзија кликнете на https://www.scribd.com/document/382337211/Raspored-na-Vivax-za-Svetsko.

Време е со VIVAX сите да бидат добитници на светско!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.