Визијата за Скопје е град кој ќе негува традиција а гледа кон иднината, еколошки чист и град без сообраќаен метеж, порача Арсовска

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, вечерва на Промоцијата на кандидати во Гази Баба, истакна дека нејзината визија за Скопје е град кој ќе ја негува традицијата, а гледа кон иднината, како и еколошки чист град, без сообраќаен метеж, каков што заслужуваат сите скопјани.

-Знам дека вашата бројност се должни и на фактот на разочараноста од тоа што ни се случува во моментов во градот Скопје, а од друга страна уверена сум дека сакате да дадете поддршка на она коешто е вистинското решение за градот Скопје за следните четири години, рече Арсовска.

Арсовска ги посочи проблемите кои граѓаните како дел од Скопје ги имаат во Гази Баба како проблемот со чистата вода за пиење во некои делови од општината, немањето на фекална канализација во одредени делови, кои како што рече се проблеми кои не се за во 21 век, како и сообраќајниот метеж, но и огромното загадување предизвикано од некои капацитети.

-Знам и верувам дека во следните четири години овие проблеми веќе нема да ги има за вас како скопјани, гарантирам дека сите овие проблеми ќе ги разрешиме во првите две години, а веќе во следните две години ќе настапиме со нови проекти, истакна Арсовска.

Арсовска ја нагласи својата визија за Скопје како град кој ја негува традиција, а гледа кон иднината, но и град еколошки чист, град без сообраќаен метеж, но и поубаво и европско место за живеење, но и место какво што заслужуваат скопјани, со културен и спортски живот.

Арсовска исто така ги повика граѓаните на Гази Баба на престојните локални избори да ја дадат својата поддршка за град како што заслужуваат.