Визит-карта од рускиот претседател Владимир Путин, од времето кога работел во Градскиот совет на народните пратеници во Ленинград во 1990-тите е продадена на аукција одржана во Санкт Петербург.
Како што соопштија организаторите на аукцијата, почетната цена на картичката на Путин била 200.000 рубли (2.171 долари), а таа се продала за десет пати повисока сума, односно за два милиони рубљи (21.754 долари).