Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус во светот над 85.000.000

Вкупно 85.027.813 случаи на коронавирус се потврдени ширум светот од почетокот на пандемијата.

60.149.687 лица се опоравиле од инфекцијата, а 1.844.685 починале, покажуваат најновите податоци на веб-страницата „Worldometers“.

Додека некои земји постепено ги укинуваат ограничувањата, други, како што е Грција, ја продолжуваат забраната. Австрија очекува редовно доставување на вакцини, а Италија го одложува отворањето на ски-центрите.