Вкупниот број на заразени со Kовид-19 во земјава надмина 9.000

Досега во земјата се направени вкупно 84.916 тестирања на Kовид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885, објави на Фејбук министерот за здравство, Венко Филипче.

 Во текот на вчерашниот ден (18 јули) се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на Ковид-19. Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.