Вкупниот број починати во светот надмина 600.000, а во САД 140.000 лица

Бројот на починатите од коронавирусот во светот во неделата надминал 600 илјада, а во САД надминал 140 илкади, а аследат Бразил, Велика Британија и Мексико, според пресметките на американскиот универзитет „Џон Хопкинс“.

Вкупно во светот од почетокот на пандемијата се регистрирани 603.111 смртни исходи како последица од заразата со новиот коронавирус SARS-CoV-2, според Институтот при споменатиот универзитет во Мериленд.

САД се водечки на оваа листа со 140.218 починати, следат Бразил со 78.772 и Велика Британија со 45.385 смртни исходи. Мексико има 38.888 починати, по што следуват Италија со повеќе од 35.000 и Франција со колу 30.000 починати.

Бројот во заразените во свотот изнесува околу 14.340.000, од кои најмногу се во САД, потоа во Бразил, Индија

Во 42 од 50-те сојузни држави на САД, кои се водечки и според бројот на заразените и според бројот на починатите, бројот на новозаразените во последните две седмици забрзано се зголемува.

Во САД, според пресметките на агенцијата Reuters, секоја седмица од коронавирусот умираат околу 5.000 луѓе, додека во соседна Канада од почетокот на пандемијата починале вкупно 8.800 лица. Агенцијата без наведување на периодот прави споредба и дека за само една седмица во САД биле забележани 5.600 смртни случаи, колку што Шведска има од почетокот на пандемијата.