Вкупно 15.353 матуранти полагаа странски јазик

Денес во сите средни училишта во Република Македонија се реализираше екстерниот испит по странски јазик од државната матура.

И оваа година најголем број од матурантите го избраа да го полагаат испитот по англиски јазик, односно 15.353 ученици. Додека пак германски јазик полагаа 197 ученици, француски јазик 114, а руски јазик 32.

Испитниот материјал, како што информираат од Државниот испитен центар, до сите училишта беше доставен навремено и испитите се реализираа согласно пропишаните правила и процедури.

Во процесот на реализација на матурата во училиштата беа ангажирани околу 1.400 наставници – тестатори и 200 набљудувачи.

Ве информираме дека на 15 јуни ќе се полагаат испитите по предметите: филозофија, бизнис, физика, хемија, историја, биологија и естетика.