20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Вкупно 224 заразени со коронавирус во Косово

Вклучително вчерашните седуммина, бројот на лица кои и по две последователни испитувања резултираа негативни на новиот вирус, што, според критериумите на Светската здравствена организација, значи дека се излекувани, се зголеми на 37.

Вчера е забележан и еден нов смртен случај како последица на заразата, со што бројката на починати лица дијагностифицирани со коронавирус во Косово се искачи на шест. Вчерашната жртва, 66-годишна жена од село во општина Малишево, како и останатите петмина кои претходно починаа поради заразата, страдала и од други тешки болести, а била примена на 4 април во тешка здравствена состојба.

Во средата во лабораторијата за молекуларна микробилогија на ИШПК се тестирани примероците на 218 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот. Вкупната бројка на тестирани од 8-ми февруари, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 2.570. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.