Вкупно 24 известувања до обвинителството за изборни нерегуларности, седум за можен поткуп

Oд вкупно 24 известувања, три се однесуваат на настани во различни изборни места и градови, каде што лицата кои го остварувале своето право на глас ги фотографирале гласачките ливчиња.

Овие известувања се примени во обвинителствата, но истите се прекршоци согласно член 190 став 2 од Изборниот законик и за постапката по нив надлежни се други органи.

Од нив седум се поднесени од еден субјект, од граѓанска организација која известува за објави по социјалните мрежи со кои наводно се прекршува предизборниот молк или се агитира за гласање за одредени политички партии. Две се од други две лица и се однесуваат на објави на портали и социјални мрежи. Во тек е постапувањето на надлежните обвинителства.

Седум известувања се пристигнати од претставници на една политчка партија од Кочани и се однесуваат на наводен поткуп кои во одделни настани го вршат лица со цел да се гласа за одредена политичка партија. Во Основното јавно обвинитлство Кочани се преземаат дејствија за расчистување на овие настани пријавени до овој момент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.