Во менито на Нетпрес, денеска само торти. Во чест на победата на Кајмакоски

Состојки за кора:

250 гр шеќер

400 гр. брашно

100 гр. мелени ореви

шолја за кафе масло

шолја за кафе кисела вода

прашок за пециво

лимон

Состојки за фил:

100 гр шеќер

100 гр брашно

200 гр мелени ореви

250 гр шеќер во прав

маргарина

2 ванилин шеќер

Подготовка

Пропржете ги четирите лажици брашно, па додадете ги четирите лажици шеќер. Кога смесата ќе се зацрвени, постепено додадете блага вода, на една шолја вода одат две лажици шеќер и мешајте додека не добиете густ фил. Во оладениот фил додадете еден маргарин кој претходно сте го изматиле со 250 гр. шеќер во прав и две кесички ванилин шеќер. Во таа смеса додадете 200 гр печен мелен лешник. Откако ќе ја исфилувате, украсете ја по желба.

 

torta od portokalТОРТА ОД ПОРТОКАЛ

Потребно е:

За кора:

шолја за кафе масло

шолја за кафе кисела вода

400 гр брашно

прашок за пециво

100 гр шеќер

 

За фил:

4-5 портокали

0,5 л вода

350 гр шеќер

2 пудинга од ванила

4 лаж. густин

екстракт од портокал

маргарин

Подготовка:

Од сите состојки потребни за кората направете меко тесто. Од него на превртена тавка испечете четири кори. Излупете четири пет портокали и сварете ги во 500 мл вода. Почекајте да се олади и ситно исечкајте ги.

Во водата во која се вареле портокалите, сварете два пудинга од ванила со 350 гр. шеќер и четири лажици густин. Кога филот ќе се се олади, измешајте еден изматен маргарин и малку екстракт од портокал. Се убаво соедините и исфилувајте ја кората.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.