Вкусно а не дебелее, оброци под 200 калории

Ако се обидувате да слабеете, не е доволно само да се свртите на здрава храна, туку би требало да водите сметка за калориите. Тоа не значи дека треба да бидете опседнати и да ги броите калориите во секој залак, но би било добро да знаете отприлика колку калории внесувате во тек на денот. Затоа погледнете ги овие задрави и вкусни рецепти кои содржат помалку од 200 калории.

Овесни снегулки со овошје

За здрав појадок, веројатно нема подобра работа од овесни снегулки. Една порција од половина шолја овесни снегулки не се повеќе од 150 калории. Додадете малку млеко или јогурт со намален процент на маснотии и пуштете да отстои.Кога ќе се натопат со млеко, тие ќе набабрат и ќе омекнат. Во тоа додадете овошје по избор, бананата е добра за појадок. Тaa ќе го заблажи појадокот, но ќе додаде и витамини.

Зачинет лосос

Печената риба е неизбежна во здравата исхрана. Ако ги додадете и вашите омилени зачини, печената риба може да стане вистински деликатес.Измешајте свеж лимонов сок, мајчина душичка, рузмарин, оригано, сол,пипер и таа мешавина втријте ја од двете страни на филетите на лососот. Печете во рерна околу 15 мин. додека месото не се испече, но и да остане меко. Рибата послужете ја со салата и уживајте во здрав и нискокалоричен оброк.

Зеленчук и хумус

Хумусот е еден од најздравите јадења кои можат да се најдат во продавниците за здрава храна. Полн е со протеини и брзу ќе ве засити. Ако го искомбинирате со зеленчук кое содржи полно влакна и малку калории, како целер и карфиол ќе добиете вистинска ужинка полна со протеини и здрави масти и без непотребни калории.

Пилешко полнето со спанаќ

За ова вкусно јадење потребно ви е пилешко, најдобро е да биде бело месо. Извадете ги коските, најдобро е биде тенко и доволно широко за да може да се витка. Исечкајте го кромидот ситно и динстајте го. Во тоа додадете ¼ шолја фета сирење и половина шолја свеж млад спанаќ. Со тоа наполнете го пилешкото месо, завиткајте го и закачете чачкалици. Пржете на тефлонско тавче со минимален додаток на масло околу 10.15 мин. додека не поруменат и добијат златно-жолта боја.

Салата со спанаќ и јагоди

Можеби звучи чудно, но зошто да не? Ако сте љубител на интересни комбинации на вкус, пробајте комбинација на спанаќ, јагоди и бадеми. Измешајте млад спанаќ, неколку исечкани јагоди, 1 лаж. сечкани бадеми и прелијте ги со малку балсамико.Ако не ви се допаѓа оваа салата, можете истите состојки да ги ставите во блендер, додадете малку вода и направете исклучително здрав зелен сок.