22 C
Skopje
четврток, септември 24, 2020

Влада: Голем дел до фирмите кои не ги исплатиле средствата од субвенции веќе почнаа со исплата на работниците

66

Дел од фирмите кои беа откриени од Управата за јавни приходи дека државната помош наместо да им ја исплатата на работници ја задржале за себе веќе почнале со исплата на платите под притисок на јавноста и најавите за санкции.

Од Владата на прашање од Канал 5 велат дека голем дел од фирмите во текот на вчерашниот ден вршат исплата на плати спрема своите вработени. Во информацијата од владина прес служба додават дека поради обработување, односно ажурирање на податоците од страна на УЈП комплетната листа на фирми кои примиле поддршка за минимална плата, а истите не извршиле исплата спрема своите вработени, ќе биде објавена на веб страницата на Влада.

Синдикалните организации денеска побараат кривична одговорност и најстроги санкции за фирмите кои ја злоупотребиле помошта од државата и не ги исплатиле примињата кон работници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.