Влада: Мандатот на Бучковски е една година, за да се решат отворените прашања со Бугарија

Владата и преку официјално соопштение информира дека поранешниот премиер Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на нашата земја за Бугарија. Целта, како што велат, е успешно да се затворат отворените прашања со оваа соседна земја.

-Именувањето е со мандат од една година, а целта да се назначи специјален претставник е да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство, пишува во владиното соопштение.

Поранешниот премиер и министер за одбрана, како и некогашен лидер на СДСМ, во последно време е мошне често присутен и на медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата со Северна Македонија.