Владата ја искачи Македонија меѓу првите три земји во светот по младинска невработеност

Браво Зоран Заев, браво за цела влада. Успеавте Македонија да ја вивнете во првите три земји во светот по младинска невработеност, коментира на својот Фејсбук профил Јован Јаулески, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во друштво сме со држави од Африка, толку сме лоши со Заев на чело што дури и Западниот брег на Газа има поголема младинска вработеност од нас.

Нели младинска гаранција ќе имаше!? Нели младите ќе се врателе!? Нели чевли остававте!?

Ниту младинска гаранција има, ниту младите се вратија, а чевлите…!? Тие се повеќе сега, само тие што ги оставаа тогаш сега нема да ги остават затоа што добија функции во владата.

Имаа три години да направат нешто за државата. Три години ништо не направија.

Македонија не може да тапка во место. На Македонија и треба обнова, а тоа е можно со ВМРО-ДПМНЕ“-пишува тој.