Владата да се запраша зошто народот ги исвирка

Од Кабинетот на Ѓорге Иванов ги негираа обвинувањата од владејачката СДСМ и министрите во владата дека претседателот со својот  говор на Мечкин Камен ги предизвикал граѓание да ја исвиркаат владината делегација.

 

Жалиме што денеска владината делегацијата беше исвиркана на одбележувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но сметаме дека тоа на ниту еден начин не беше предизвикано од пораките упатени од претседателот Иванов. Владата на Република Македонија треба самата да се запраша зошто македонскиот народ на тој начин реагира кон владините претставници и да превземе одговорност зошто народот е поделен и шири говор на омраза кон државните институции и неистомислениците, велат од кабинетот на Иванов.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.