Владата демантира дека премиерот Заев користел службено возило во партиска кампања

Владата на Република Македонија најостро ги демантира наводите и тврдењата во текстот под наслов: „ФОТО| Заев со службен автомобил на митинг во Бутел, граѓаните ќе му ги плаќаат партиските трошоци“, објавен на порталот „НетПрес“.

„Објавата е дезинформација бидејќи службеното возило на премиерот Зоран Заев, како и на сите досегашни изборни циклуси, така и на овој изборен циклус, никогаш, во ниту еден случај не се користело, не се користи и нема да се користи за партиски ниту за кампањски цели. Државните ресурси се исклучиво во функција на граѓаните, а не на партијата. Тоа е јасно законско правило кое никогаш не се прекршило и нема да се прекрши“, се вели во демантот испратен од владината прес служба.