Владата демантира дека веќе паднал договор со Бугарија

„Владата на Северна Македонија остро реагира на текстот објавен на вашиот портал со наслов “Заев ги прифатил сите барања на Бугарија, следува потпишување на анекс на договор?” и го отфрла како полн со невистини и дезинформации“, реагираше во петокот вечерта служнбата за одоноси со јавноста/

„Владата категорично демантира дека се прифатени сите барања на другата страна во македонско-бугарските односи, а целосна манипулација е информацијата дека “следува потпишување анекс на договорот”.

За манипулативната намера на овој текст говори и фактот што некои позициите изнесени во него се дел од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан во 2017 година.

Бараме во целост да го објавите овој демант и да го повлечете од јавност текстот поради кој реагираме“, се наведува во реакцијата на владата.