Владата денеска ќе ги заборчи граѓаните за нови 35 милиони евра

Капитални инвестиции нема, а Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар.

Министерството за финансии за денеска закажа аукција на хартии од вредност со која планира да повлече нови 2 милијарди и 130 милиони денари односно околку 35 милиони евра.

Владата годинава издаде и еврообврзница во вредност од 700 милиони евра.

Јавниот и државниот долг во првото тримесечје од 2021 година, по повлекување на средствата од осмата еврообврзницата, забележа раст од 2,3 и 2,9 процентни поени. Јавниот долг изнесува 62,5%, додека државниот изнесува 54,1%.