Владата донесе одлука: 30 денари по вакциниран пациент за матичните лекари

Владата на Република Македонија денеска ја оддржа својата 122-та седница.

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од КОВИД-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата денеска донесе одлука за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив.