Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука да се издвојат шест милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.
– Како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја, соопшти владината прес – служба.
Во оваа првична помош е вклучен и посебен тим со механизација која ќе се ангажира во координираните акции за спасување.