Владата донесе Уредба за кризна состојба

Владата донела Уредба за прогласување кризна состојба.

Ова вчера е објавено во „Службен весник“, при што професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Тања Каракамишева ја соопшти оваа информација на Фејсбук со коментар: „Ние ги мислиме оставки си поднесуваат и си одат тие гледај што носат. Тешко нам“!

„За критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушување на пазари на еликтрина енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности“, се вели во воведот на Уредбата.

Каква и е намената на оваа Уредба, наскоро ќе дознаеме, ама првата работа што ни паѓа на памет е подготовката за рестрикции, повисока цена на струјата, а и заштита на некои бизнис пријатели, па избегнување на предвремени избори, односно останување на власт што е можно подолго.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.