Владата дозволи зејтинот да поскапи за 50 денари, народот се соочува со криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Владата дозволи зејтинот да  поскапи за 50 денари, народот се соочува со криза, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зејтин од ист производител за период од неколку недели од 85 денари се покачи на 134 денари продажна цена во маркетите.
Покачувањето на цените на зејтинот е резултат на лошите политики на власта пред се. Доколку на време се обезбедеше суровина за домашните компании, се договореше увоз и квоти, како и да се фиксираа цените, но и да се наполнеа државните резерви, зејтинот ќе беше на цена како пред кризата.
Скапите цени се резултат на лош менаџмент од страна на власта, истакнуваат од партијата.

Од таму додаваат дека неспособноста на власта сега донесе поскап зејтин за 60%, поскапо брашно за 40%, поскап леб за 110%, поскапи горива за 70%.

-И додека цените секој ден се сè повисоки, платите не се зголемија ниту еднаш. Владата да се посвети на решавање на кризата и на реални мерки кои ќе донесат подобар стандард, велат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.