Владата ќе ги задолжи граѓаните за нови 41 милион евра

Капитални инвестиции нема, а Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар.

Министерството за финансии за наредната недела закажа аукција на хартии од вредност со која планира да повлече нови 2 милијарди и 540 милиони денари односно 41 милион и 300 илјади евра

  

Владата годинава издаде и еврообврзница во вредност од 700 милиони евра.

Јавниот и државниот долг во првото тримесечје од 2021 година, по повлекување на средствата од осмата еврообврзницата, забележа раст од 2,3 и 2,9 процентни поени. Јавниот долг изнесува 62,5 проценти, додека државниот изнесува 54,1 отсто.