Владата ќе побара кризната состојба да продолжи до 30 јуни 2021 година

Владата на денешната редовна 25-та седница го усвои предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ќе побара од Собранието да ја продолжи кризната состојба до 30 јуни 2021 година.

Групата за процена во Центарот за управување со кризи вчера побара продолжување на кризната состојба во државата за нови 30 дена.

-Беше оформен предлог до Управачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата на Република Северна Македонија да достави предлог до Собранието на Република Северна Македонија за продолжување на прогласената кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на потоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“ и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, a можниот датум треба да биде деновите потврден, соопшти ЦУК.