Владата ќе се задолжи нови 41,2 милиони евра

Владата планира да се задолжува за нови 41,2 милиони евра. Имено, на официјалната страна на Народна банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност закажана за 11 овој месец во износ од огромни 41,2 милиони евра.

Според информациите јавниот долг и официјално ќе го надмине износот од 5 милијарди евра или 60 отсто од БДП што е опасно по македонската економија која и онака е на стаклени нозе.

Експертската јавност смета дека владата потфрли во спроведување на конкретни мерки во економијата дека сега граѓаните ќе ги чуствуваат последиците како на краток така и на долг рок. Според нив нема конкретни идеи ниту структурни мерки и помош што додатно ја остави економијата на цедило.

Економистите велат дека само за камати во 2021 година Република Македонија ќе исплати повеќе од 120 милиони евра или секој граѓанин ќе плати 600 евра само за камата што е огромна бројка. Тие сметаат дека задолжувањата се оправдани само доколку се трошат за конкретни проекти. Потребно е за изградба на автопатити, железници – хидро и солрани централи но задолжувањата не се оправдани доколку се трошат за популистички мерки и потпуп пред избори.

Инаку владата пред да дојде на власт ветуваше дека нема да има огромни задолжувања и дека ќе има намалување на јавниот долг но според последните податоци јавниот долг го достигна историско највисокиот процент од БДД и она што е најлошо е дека според сите реномирани финансиски институции како ММФ и Светска Банка долгот се очекува уште повеќе да расте.