Владата ќе се задолжува за нови 59,3 милиони евра

73

Владата континуирано се задолжува. Само минатата недела на 13 – ти октомври владата се задолжи за 105 милиони евра. Имено, идната недела или на 27 –ми овој месец владата повторно планира да се задолжува за нови скоро 60 милиони евра или 59, 3 милиони евра. На официјалната страна на Народна банка на Република Македонија објавена е аукција од хартии од вредност во износ од 3.650.000.000 денари.

Експертите сметаат дека огромните задолжувања кои не се насочени кон капитални и стратешки проекти можат да ја однесат државата во грчко сценарио. Дополнително, експертската јавност имаше и реакции и на изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими за зголемување на јавниот долг кој се планира да достигне над 60 % што ќе ја вброи државата во високо задолжени земји.

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за задолжувањата вели дека се надминува границата од мастришките критериуми од над 60 отсто од БДП. Тој на официјалниот профил на Фејсбук напиша дека „Должничкото сценарио станува драматично, додека Владата нема капитални проекти, а ги троши парите на граѓаните. Економијата на Заев блеска со порази, неспособност и криминал. Го достигнаа историскиот максимум во задолжувањето, исто како и во кризата и неспособноста на било која влада до сега“.

Инаку,владата на почетокот на кризата се задолжи со еврообврзница од 700 милиони евра со каматна стапка од 3,675%.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.