Владата ќе троши речиси 500.000 денари за кафе

На официјалната страна на системот за јавни набавки во делот на склучени договори стои дека службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на кафе во вредност од скоро 500.000 денари.

Така во делот на назив на договорниот орган стои служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, во делот на вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ стои сумата 472.000,00 додека во делот на предмет на договорот за јавна набавка стои кафе (црно, мелено).

Експертите велат дека непродуктивните трошења на министерствата се недозволиви во време на економска криза и на енормни задолжувања. Критичарите коментираат дека власта и оние кои ги водат институциите воопшто сериозно и одговорно не се однесуваат со парите на граѓаните.

Ова не е прв пат институциите и министерства да трошат пари за луксузирање и несовесно и недомаќински да се однесувааат со средставата кои ги имаат на располагање.

Експертската јавност вели дека ваквото несовесно однесување со парите на граѓаните не остава добар впечаток ниту кај граѓаните ниту во јавноста. Власта во повеќе наврати ветуваше дека ќе нема непотребни трошење се со цел државата да не се задолжува дополнително но тоа не е случај.

Досега во јавноста излегоа огромен број на скандали за непродуктивни трошоци кои ги прават токму министерствата и институциите.