Владата ги подмирува сметките на ЕСМ, општините ќе извисат, а кого ќе помогнат

По вчерашната владина одлука да одвои нови 47 милиони евра за државни електрани откако ЕВН се пожали дека има проблем со плаќањето на декемвриската и јануарската фактура за струјата што ја набавиле од ЕСМ, се отвора и прашањето дали со народни пари кои одат на сметка на ЕСМ се спасуваат и приватни компании.

Министерот за економија Крешник Бектеши дециден – државата не субвенционира приватни фирми туку го помага државното ЕСМ.

Владата ги задолжи државни електрани да склучат Анекс договор според кој двете факрури на ЕВН ќе досепат до 01 јули година. А дупката која ќе се јави во касата на ЕСМ заради неплаќањето на ЕВН, ќе ја затвори Владата, со 47-те милиони евра.

По барањето на државни електрани – вчера до Илиндинска број 2 барање за помош упатија и дел од скопските градоначалници. Велат сметките за струја се превисоки и немаат доволно средства сами да ги подмират.

За Владата во економско – енергетска криза секоја институција мора да понесе дел од одговорноста. Иако како опција не се исклучува разгледувањето на барањата на општините, сепак потенцираат во време на енергетска криза фокус се граѓаните и малите потрошувачи.

Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Чаир и Шуто Оризари се дел од општните кои веќе се соочуваат со потешкотии поради енергетската криза – а кај дел од нив како што посочија на состанокот на координативното тело на градоначалници на општините од Скопје, има зголемување и за 500 отсто.