Владата ги теши граѓаните кои останале без работа, ќе нашле нова по два дена

Од Владата соопштуваат во средата дека е неблагодарно да се шпекулира со бројки за отпуштени работници како последица на кризата од коронавирусот, бидејќи, како што потенцираат, секое отпуштање од работа не значи дека е поврзано со коронакризата.

„Во Агенцијата за вработување секојдневно се случуваат одјави и пријави, но тие не може да ни го дадат точниот одговор, бидејќи некој кој што останал без работа денес во една фирма можеби после два дена ќе се вработи на друго место, и тоа не губење на работа“, се наведува во соопштението за одлуките од денешната владина седница.

Притоа не се даваат никакви конкретни бројки за бројот на луѓето го останале без работа во последниот период.

Од Угостителската комора во вторникот соопштија дека само во овој сектор, чијашто најмалку 15.000 луѓе останале без работа. Истовремено  директорот на трудовиот инспекторат Алајдин Хавзиу само им порача на работниците да не потпишуваат откази, но не објасни како претпријатијата ќе ги исплаќаат во тој случај платите и придонесите кога не остваруваат никакви приходи.

Владата претходно тврдеше дека со помош од минимална плата ќе ги зачуваат работните места на 250.000 работници.