Владата ги усвои измените на Законот за укажувачите

Владата на Република Македонија на својата редовна седница во вторникот вечерта ги усвои предлог-измените на Законот за заштита на укажувачите, а на истата седница е разледана и усвоена информација за потреба од прием во редовен работен однос на пилоти во Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија.

Со законскотп решение за ткн „свиркачи“, како што посочуваат од Владата, се обезбедува поголема заштита на укажувачите со што „јасно се потврдуваат владините политики за борба против корупцијата„. Законските измени се испратени до Собранието на Република Македонија на натамошно усвојување.

Истовремено, меѓу другото, е донесен и заклучокот со кој се задолжуваат Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии и Дирекцијата за заштита и спасување за навремено наоѓање решение за потребата од ангажирање на пилоти во Дирекцијата за заштита и спасување.