Владата го испрати законот за ЈО во Собрание со европско знаме

Владата на денешната 146-та седница, со која претседаваше премиерот Зоран Заев, го усвои новиот текст на Предлог – законот за Јавното обвинителство и го испрати на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка.

Министерството за правда предложи, а Владата денеска прифати во собраниска постапка да биде пуштен и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители заради терминолошко усогласување со Предлог Законот за Јавно обвинителство.