Владата го стави и Тајланд на мапата за домашен туризам (ВИДЕО)

Забеганоста на владата на СДСМ нема крај, по Германија, Франција и Индонезија и фотографии од Тајланд за поддршка на домашниот туризам, објави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Аздисаната и забегана Влада на СДСМ наместо домашен туризам, го рекламира Тајланд. Покрај Германија, Франција и Бали во Индонезија, сега и Тајланд се најде на нивната платена апликација за поддршка на домашниот туризам. Ова е фотографија од апликацијата каде рекламираат 6.000 денари за домашен туризам. Ова е оригиналната фотографијата од езерото Чо Лан во Националниот парк Као Сок во Тајланд. Е па, почитувани за забеганото СДСМ дома си е дома, секаде низ светот, само не во Македонија.

Во својата намера за поткуп, со посебен владин документ за борба со короната, во четири очи дадени се 20 илјади евра за апликација, за рекламирање на предизборен поткуп на граѓани од по 6.000 денари, со фотографии од цел свет, а наводно за  домашен туризам.

– Забеганата власт на СДСМ смета дека граѓани со примања под 15 илјади денари, сега ќе ги излаже дека ќе можат со 6,000 денари поткуп да одат во Германија, во Франција, на Бали или можеби во Тајланд. Места каде што само една ноќ, само едно спиење чини од сто до неколку илјади евра – вели Стоилковски.