Владата го урниса здравствениот систем

14

„СДСМ се што вети за подобрување на здравствениот систем излажа“ велат од ВМРО- ДПМНЕ како реакција на соопштение од владејачката СДСМ.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека Владата на СДСМ единствено успеа за три години да го урниса здравствениот систем.

„Наместо реформи успеа само да воведе хаос во здравството, низа скандали, и потпишување на матни и криминални тендери

Дека во здравствениот систем царува криминал сведочи и кривичната пријава против Дончев, Филипче и Кичеец кои што се обвинуваат дека тие спречуваат продажба на македонска приватна компанија, со цел да рекетираат.

Граѓаните на Република Македонија не заслужуваат ваков здравствен систем. Граѓаните заслужуваат модерно и пред се ефикасно здравство.

Поради неспособноста да обезбедат ефикасно здравство, граѓаните ќе ги казнат на предвремени парламентарни избори, и ќе започне обнова на Македонија“ се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.