Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски во вечерашната емисија „Топ тема” на Телма телевизија рече дека власта заборавила и на 15 јули да прогласи молк и најави дека нема да казнуваат медиуми поради владиниот пропуст .
„Претпоставувам дека тоа е пропуст на власта, водејќи се претходно дека се гласа во сабота на болните лица и затворениците, а сега прв пат во овие избори имаме и уште еден ден претходно каде што луѓето се во самоизолација или карантин, така да водејќи се по таа аналогија ги имаат оставено само 13 и 14 јули, а го имаат заборавено15 јули. Се надевам дека медиумите ќе бидат на висината на задачата и нема да дозволат да се пренесуваат информации, да известуваат за активности кои се забранети за време на молкот, но и да не ги почитуваат ние како агенција нема да бидеме во можност да ги казнуваме“, рече директорот на АВМУ Зоран Трајчевски во вечерашната емисија „Топ тема” на Телма телевизија.