Владата го задолжи МВР да утврди одговорност за литијата во Струга и за прославата на Денот на полицијата

Владата на денешната седница го задолжи Министерството за внатрешни работи веднаш да го испита случајот со одржувањето на верскиот настан во текот на вчерашниот ден во Струга, како и прославата организирана од МВР по повод Денот на полицијата, кои претставуваат сериозно непочитување и прекршување на воведените забрани од страна на Владата, да утврди одговорност и да се преземат соодветни мерки кон одговорните лица и за истото да ја информира Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата го осуди и вербалниот напад врз новинарот на ТВ Клан на настанот со кој се одбележуваше Денот на полицијата и побара да се поведе постапка за утврдување одговорност за ваквото однесување и да се санкционират сторителите.