Владата и ДЗС се неспособни да организираат попис, решение е електронски попис, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Владата и ДЗС се неспособни да организираат попис, решение е електронски попис, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Срамно и неодговорно е на една недела пред официјалниот почеток на пописот да не се знае кој ќе биде попишувач. Власта ја води целосно аматерски постапката околу организација на пописот. Прво велеа дека се е завршено, а сега се жалат дека нема попишувачи. Зошто и кога лажат? Дополнително целата ситуација ја влошува 4 бран на КОВИД 19, кој исто така е толку голем поради неспособноста на власта. ВМРО-ДПМНЕ предлага ситуацијата да се реши со електронски попис, без физичко посетување на граѓаните во домовите, со тоа ќе се спречи заразата да се шири, а ќе може точно да утврдиме колку има население во Македонија за да нема манипулации какви што власта сега сака да прави. Така што, решение е електронски попис за да се заштити здравјето на граѓаните и да нема манипулации, велат од партијата.

Од таму додаваат дека пописот е важна статистичка операција и не смее да трпи поради аматеризмот на власта. ВМРО-ДПМНЕ нуди решение.