Владата има обврска да го достави договорот со „Бехтел“ и „Енка“ до пратениците бидејќи тој договор не е воопшто безбедносно прашање

Има неколку спорни моменти, но најспорна е таинственоста. Штом Владата вели дека е ова историски добар договор, тогаш секоја Влада би сакала историски добрите договори да ги претстави во јавноста и да ја убеди јавноста дека постигнала добар договор, но бидејќи Владата сеуште го крие во тајност договорот и од новинарите, граѓаните и пратениците тогаш се поставува прашањето што има толку да се крие“, рече пратеникот и член на ИК Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.

Додаде дека сепак одредени совесни административци го доставија договорот нашата партија и тоа што го забележавме внатре се неколку штетни клаузули.

„Едната и најсериозна штетна клаузула е да се исплатат во рок од една година 53 милиони евра доколку не биде сменет законот за работни односи од 40 часовна работна недела на 60 часовна работна недела, а Владата знаела дека Уставниот Суд веќе укинал една таква одредба од договорот“, вели Милошоски.

Милошоски истакна дека овој договор не е безбедносно прашање воопшто и треба да се провери која институција го класифицирала затоа што ако нешто ставите дека е државна тајна или строго доверливо треба да се има причина зошто тоа така го завеле како документ.

„Според мене овој договор треба да е претставен пред пратениците и да им биде поделен на сите пратеници бидејќи за да може пратеникот совесно да одлучува за одредени законски измени тогаш пратеникот е должен и има уставна обврска да ја контролира Владата, а со тоа самата Влада има обврска да го достави до пратениците“, потенцираше Милошоски.

Рече и дека со потпишувањето на овој договор Владата презела обврски надвор од законските норми.

„Во самиот договор кој Владата го има потпишано со „Бехтел“ и „Енка“ таа презела обврска дека до крајот на април да бидат изведени сите подготвителни работи, помошни патишта, паркинзи, поставени контејнери, заштитни огради, проект за одраз кон животната средина и зачувување на животната средина, комплетен проект за автопатот Тетово – Гостивар требало до крајот на април да го има, но гледаме дека и тоа го нема“, заклучи Милошоски.