Владата ја остави јавноста во дилема – ќе се бара или не одговорност од Филипче?

Владата на Република Македонија нема да бара одговорност од министерот за здравство, Венко Филипче, се наведува во владиното соопштение.

-Во одговорот на новинарско прашање во однос на истрагата којашто ја води Основното јавно обвинителство за набавката и употребата на МРП вакцината, портпаролот на Владата не го споменува името на министерот Филипче, велат од Владата.

Но, оваа институција изгледа е изгубена во преводот. Истата таа Влада денес информираше дека Владата ќе чека да заврши истрагата за вакцините, а дури потоа ќе одлучи дали ќе бара одговорност од Филипче

Владата ќе чека да заврши истрагата што ја покрена Основното јавно обвинителство за евентуални неправилности при увозот, дистрибуцијата и употребата на вакцината МРП, а тоа ќе одлучи дали ќе побара одговорност од министерот за здравство Венко Филипче.

– Прво нека се изјасни Обвинителството. Не би можеле да прејудицираме. Станува збор за истрага која е отворена. Ќе видиме, нема заврши истрагата, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе побара одговорност од министерот Филипче доколку се утврдат неправилности со МРП вакцината.

Вчера, Основното јавно обвинителство соопшти дека по допрен глас отвара предмет за евентуални неправилности со увозот, дистрибуцијата и употребата на вакцината за морбили.