Владата ќе ја задолжи државата со нови 26 милиони евра

Ако на крајот од 2017-та година долгот изнесувал 4,86 милијарди евра, 2018-та година ја завршивме со долг од 5,2 милијарди евра.

Задолжувањата не престануваат додека економијата се повеќе тоне и е на стаклени нозе. Имено, на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 1.600.000.000  денари или скоро 26 милиони евра, објави Курир.

Дека долгот вртоглаво расте и ги преминува сите нормални граници зборуваат и официјалните податоци на Светска Банка во чиј извештај беше објавено дека долгот на Македонија ја надминува психолошката граница од над 50 % и новиот извештај од Министерството за финансии во кој јавниот долг пораснал 415 милиони евра во 2018-та година.

Во просек, тоа значи дополнителни нови 200 евра долг по глава на жител, или сега секој Македонец должи 2.570 евра.

Ако на крајот од 2017-та година долгот изнесувал 4,86 милијарди евра, 2018-та година ја завршивме со долг од 5,2 милијарди евра.

Инаку со ревидираната фискална стратегија  2019 – 2021 година од Министерството за финансии јавниот долг во 2020 се очекува да достигне 54,5 отсто од БДП.

Истовремено, податоците за извршување на Буџетот на државата за 2018 покажуваат катастрофаллна реализација на капиталните инвестиции, односно инвестиции на државата во проекти како патишта, железници, училишта и болници. Реализацијата на капиталните инвестиции за 2018 година беше едвај 65 % според официјалните податоци.

Експертите коментираат дека со вакви огромни задолжувања а притоа  отсуство на капитални проекти македонската економија оди по многу  опасен пат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.