Владата на Германија продаде акции во нуклеарната индустрија за 381 милиони евра

Германската Влада продаде акции во вредност од речиси 381 милиони евра на компании што управуваат со нуклеарни централи во странство.

Министерството за внатрешни работи соопшти денеска дека одлуката за продажба на акции поврзани со нуклеарни централи од пензиски резерви е донесена во 2018 година со договор на три партии во владејачката коалиција на канцеларката Ангела Меркел.

По нуклеарната катастрофа во Фукушима, Германија одлучи да ги исклучи своите нуклеарни централи до 2022 година.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од продадените акции, околу 146,5 милиони евра имало во италијанската компанија „Енел“, речиси 75 милиони во француската енергетска компанија „Енџи“, а околу 159 милиони во шпанската компанија „Ибердола“.