Владата на Макрон „преживеа“ за само девет гласа

Француската влада „тесно“ го преживеа денешното гласање недоверба, иницирано од пратениците од опозицијата.

Опозицијата е револтирана што претседателот Емануел Макрон искористи специјална уставна моќ за да ги спроведе непопуларните пензиски реформи без гласање во парламентот.

За недоверба гласаа вкупно 278 пратеници, што е само девет гласа помалку од 287-те потребни за соборување на владата на Елизабет Бурн, пишува порталот Франс 24.

Во тек е рочиштето за второто барање за недоверба на владата, поднесено од Марин Ле Пен од екстремно десничарската партија Национална алијанса.

Премиерката Елизабет Борн денеска во Националното собрание го осуди „антипарламентаризмот на дело“ и „изливите на насилство“ на опозицијата од одредени пратеници од левицата.

„Во самото срце на парламентот видовме како функционира антипарламентаризмот во сите негови аспекти“, изјави премиерката Борн, пренесува порталот БФМТВ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.