Владата на САД ќе му го одзема имотот на Ел Чапо вреден 12 милијарди долари

Владата на САД планира да заплени околу 12,6 милијарди долари имот на мексиканскиот нарко-бос Хоакин Гузман познат како Ел Чапо. Тоа се пари кои ги стекнал неговиот нарко картел додека тој бил на чело.

Обвинителот во судот во Бруклин истакнал дека е овластен да бара заплена на имотот и добрата кој биле стекнати со кривични дела за кои се товари Ел Чапо и кои се поврзани со шверц на дрога.

Според пресметките на обвинителството, Ел Чапо време од 25 години се стекнал со 11,8 милијарди долари од продажба на кокаин, 846 милиони долари од мархуана и 11 милиони доларо од хероин.

Парите биле испрани и употребени за плаќање на соработниците и вработените во картелот, како и набавувачите и на опрема за комуникација. Со тие пари биле купени и авиони и подморници за шверц на дрога.

Неименуваниот поранешен соработник на Ел Чапо изјавил на суд дека нарко-босот живеел луксузно во 90-те години кога поседувал 4 авиони, куќа на многу плажи, разни имоти ширум Мексико, како и резиденција во Акапулко.

Сега не се знае дали поранешниот нарко-бос и понатаму поседува ист имот после апсењето во јануари 2016 година и дали дел од имото го префрлил на име на семејството и пријателите.

Барањето на обвинителството е поднесено пред сослушувањето закажано на 17. јули на кое треба да биде изречена казната за Ел Чапо на кој му се заканува доживотен затвор.

После неколку месеци судење, портата на судот во Њујорк го прогласила на 12. февруари мексиканскиот нарко-бос за виновен.

Ел Чапо се наоѓа затворот во Њујорк од изрекувањето во 19. јануари 2017 година.