Владата на Велика Британија ќе решава за олабавување на рестрикциите

Кабинетот на британскиот премиер Борис Џонсон на денешната седница ќе разговара за натамошните чекори за ублажување на мерките воведени за запирање на ширењето на коронавирусот. Британската влада претходно најави дека ќе дозволи верските објекти делумно да се отворат на 15 јуни, но само за приватни молитви. Свадбите и другите церемонии сè уште нема да бидат дозволени. Присутните треба да се придржуваат кон правилата на социјална дистанца. Според планот на владата за ублажување на мерките, верските објекти не треба да бидат отворени за масовни посети најмалку барем до 4 јули.

Во Британија од вчера секој што ќе влезе во земјата мора да биде во 14-дневна изолација, вклучително и британски граѓани, но и да даде адреса каде ќе бидат во самоизолација, а доколку ги прекршат правилата, можат да бидат казнети со казна до 1.000 фунти.