Владата на Заев дала лиценца за одгледување марихуана на лица од српското подземје

Најмалку пет луѓе од српското подземје купиле земјиште во Македонија за да одгледуваат канабис за медицински потреби, а контроверзен бизнисмен вложил десетици милиони евра во насади, пишува угледниот српски весник Новост.

Кога премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев пред нешто повеќе од една година (април 2018), ги повика сите кои имаат пари да вложат во производување на лек од канабис, затоа што тоа е профитибилно, први дојдоа српските криминалци. Најмалку пет луѓе од подземјето, што со директно купување, што преку партнерство со македонските “колеги”, станаа сопственици на плодни полиња со коноп, во оваа држава, се наведува во текстот на белградскиот весник.

Но не само крупните криминалци се имаат одлучено за овој нов вид „бизнис’, туку и луѓе чие делување во Србија секогаш било на работ од законот. Меѓународните организираи криминални групи, како последниот пример од Македонија, и покрај хуманитарната намера на оние кои ги пишуваат прописите, тие први реагираат на импулсот на пазарот, пишува Новости.

Контроверзен бизнисмен од Србија досега вложил неколку десетици милиони евра во тиа насади… Прво со македонски партнер купил земја, потоа ја обработиле како треба, но обезбедиле и жица и капија. Имаат и 24-часовно обезбедување, што е еден од законските услови. Направено е и вештачко наводнување, и заштита од временски непогоди, рекол извор на белградскиот дневен весник Новости,  близок на разузнавачките служби

Не е само тој човек од Белград кој вложил пари за производство на канабис. По неговите стапки тргнале и нарко-босовите кои во моментов се зад решетки. Додека на вистинските бизнисмени им требаше време да реагираат на новите потреби на пазарот, луѓето од другата страна на законот, внимателно ги следеа медиумите, особено кога станува збор за промена на прописите за легализација на марихуаната во медицински цели.

Со закон во Македонија е дозволено одгледување на канабис за медицински цели и правење лек и до сега се издадени осум лиценци, а уште четири или пет се во процедурапорачаа од северномакедонската влада (така не нарекуваат Србите).

Ја наедуваат изјавата на Заев дека лично ги подржува ваквите бизниси. Имено од производство на лекови од канабис државата очекува нови работни места и годишно најмалку 100 милиони евра прилив, што е 0,1 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Компаниите кои се занимаваат со овој бизнис, почнале да го извезуваат и сушениот цвет од канабистот за преработка на масло на пазарите во Полска и Германија. Низ цела Македонија, но и Хрватска (е легализирано производството, освен плантажи со канабис, изградени се и стакленици каде се одгледува оваа билка. Македонците најчесто во тие бизниси влегуваат заедно со српски државјани, но ги има и од Словенија, кои поседуваат фабрики за производство на лекови од канабис во Германија и Полска. Во последно време се заинтересирани и црногорски државјани кои се поврзуваат со трговијата со дрога.

Тие кои не можат да регистрираат вакви компании во Македонија, бидејќи имаат досие и се осудувани, за бизнис партнери избираат “чисти” државјани од оваа земја, објаснува изворот на Новости.

Тие вложуваат само пари, а на таков начин купуваат и „чисто потекло“ на нивните пари.

Сепак, новиот бизнис на српските криминалци, но и тие од регионот, будно ги следат и службите за безбедност. Тешко е да се помисли дека ќе се задржат само на легално одгледување и продажба. Наркотиците на црно и понатаму се најисплатливи.

Следиме сѐ што се случува, особено движењето на парите, предупредуваат лицата од службите за безбедност за Новости

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.