Владата на Заев ги излажа младите, нема парична помош за нив

Младите лица од 16 до 29 години, кои според објавите на власта се вметнати во четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани, изгледа сепак се изманипулирани, или пак се дел од популистичка реторика без постигнување на краен ефект.

Имено, деновиве има голем број реакции од граѓани, токму за оваа категорија, кои иако ги исполнуваат бараните критериуми, не се нашле на листата за  државна финансиска помош од 6.000 денари.

На владиниот сајт Купувам домашно, граѓаните кои се опфатени со оваа мерка, преку внесување на матичен број можат лично да проверат дали се на листата и преку која банка ќе им се изврши трансакција на парите.

Иако веќе исплата е почната, постојат голем број нејаснотии, а делот за достава на електорнки приговор, во предвидениот рок беше оневозможен поради некаква системска грешка?!

Голем дел од неправедно отфрлените граѓани кои ги исполнуваат условите за оваа државна парична помош, откако не се нашле на листата побарале информација и од УЈП, а оттаму им одговориле дека бидејќи биле корисници на претходниот пакет мерки на Владата и веќе добиле домашна платежна картичка, со оваа мерка не им следува помош.

Сепак, и ова објаснување не може да се сведе на логична проценка, бидејќи со минатиот пакет мерки, на младите им се даваа по 3.000 денари за купување домашни производи, а сега се даваат по 6.000.

Но, на социјалните мрежи може да се прочитаат и коментари кои не одат во прилог на овој услов за добивање помош, бидејќи родители се жалат дека нивните деца не биле опфатени ни со претходната мерка, а ни сега.

А, приговор не можеле да напишат бидејќи серверот на „Купувам домашно“ детекрирал некоја грешка при внес на барани податоци на сајтот.

Според претходните најави, со четвртиот пакет мерки, по 6.000 денари треба да добијат 540 студенти кои биле изоставени во претходната мерка. А поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици.

Но, токму средношколците се најгласни во своите реакции за обесправеност, бидејќи иако владата вети, голем дел од нив не добиле помош ни со претходната мерка, а ниту пак се опфатени со новата.

„Нетпрес“ побара информација од владината служба за односи со јавност

Според оваа мерка, за која е во тек исплатата, и за која се испроектирани 27,5 милиони евра, по 6.000 денари на сметка треба да добијат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години.

За самохран родител, филмски работници и естрадни уметници, списоците ќе бидат административно-технички потврдени и исплатени до крајот на оваа недела.