Владата не ги доставила до Антикорупциска бараните документи во врска со набавката на вакцини против Covid-19

Антикорупциска комисија од Владата побара да им биде доставена документација дадат дали има склучено договори со која и да е компанија за набавка на вакцини против коронавирусот, но од првичните документи кои ги добиле не им било доставено она што го барале, рече во вторникот вечерта во своето гостување во емисијата „Топ Тема“, Горан Трпенсоски, осврнувајќи се на сканадалот околу набавката на кинеските вакцини.

„Ние побаравме од Владата да ни достават записници од седницата која беше затворена, потоа побаравме кој им ги дал контактите за да стапат во контакт со фирмата „Стабри“ од Хонгконг, дали е издадена банкарска гаранција и побаравме дали има склучени договори со „Синофарм“ или било која друга фирма за вакцини. Од првичните документи кои ги добивме не доставија тоа што баравме. Затоа се обративме уште еднаш и се надевам дека во рок до другата недела треба да ни одговорат на дополнителните наши барања. Пративме и до други институции дали таква трансакција има и се надевам дека за недела дена ќе излеземе со информација точно што е случувано, па после ако другите надлежни институции ценат дека има или нема нешто сомнително можат да ја превземат понатаму истрагаата, обвинителството, финасикста полиција, финансиското разознавање и тн“,